Волонтери на Црвен Крст помагаат во пронаоѓање на соодветната клиника

пред 4 години

Во времетраење од 3 до 4 часа, во утринскиот период волонтерите од Црвениот Крст и натаму им служат на граѓаните при пронаоѓање на соодветната потребна локација во комплексот клиники „Мајка Тереза”, како дел од проектот „Водач во болница“. Овој проект започна со функционирање во октомври 2019 година, а имаше пауза со прекинот/стагнацијата во работата на Мој Термин, по што од 15 септември повторно започнува со работа на шест локации.

Скопје, 4 октомври 2020 (МИА) – Во времетраење од 3 до 4 часа, во утринскиот период волонтерите од Црвениот Крст и натаму им служат на граѓаните при пронаоѓање на соодветната потребна локација во комплексот клиники „Мајка Тереза”, како дел од проектот „Водач во болница“. Овој проект започна со функционирање во октомври 2019 година, а имаше пауза со прекинот/стагнацијата во работата на Мој Термин, по што од 15 септември повторно започнува со работа на шест локации.

Поставени се локатори на шест места и тоа на УК за Радиологија, УК за Гинекологија и акушерство, УК за хируршки болести/Ургентно, УК за Кардиологија, УК за детски болести – Скопје и УК за интерни болести, кадешто вкупно 9 лица се достапни за информирање на граѓаните.
-Во изминатиот период овој проект се покажа како успешен со оглед на тоа што во целокупното функционирање, волонтерите им помогнале со упатување на вкупно 20 000 граѓани. Во текот на обуките кои беа спроведени, волонтерите добија знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациентите, како и водење на лицата кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн), соопшти Министерството за здравство.
Во рамки на проектот се изработени и брошури за прва психолошка помош на македонски, албански и ромски јазик.

Со сите овие активности, истакнуваат од Министерството за здравство, презентираме  начин за поддршка и подобрување на моделот на здравствена заштита во државава  со кој се олеснува пристапот до болничките услуги.лв/аа/

Scroll to Top