Во Битола заврши фестивалот на класична музика „Интерфест“

пред 4 години

Со музички рецитал што го приредија казахстанските уметници Ајман Мусакаџајева, виолина и Сара Асамбајева-пијано, синоќа во Битола заврши 29. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.

Љубителите на класичната музика со аплауз го проследија и поздравија музичкиот рецитал исполнет со дела од Бетовен, Григ, Равел и Сен Санс, сонати во чија изведба доминираше една од најголемите интернационални ѕвезди на виолинската уметност, Ајман Мусакаџајева.

Синоќешниот целовечерен концерт се одржа во салата на битолскиот театар како една од неколкуте сцени на годинешниот „Интерфест“ на кој освен македонски, настапија и уметници од Србија, Франција, Турција, Албанија, Русија, Австрија и Казахстан.

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ секоја година се одржува под покровителство на Министерството за култура.

Scroll to Top