Во деловен објект во Гостивар запленети кокаин и марихуана, приведени 5 лица

пред 3 години

Пет гостиварци се приведени и задржани во полициска станица, откако утрово, при претрес на деловен објект во кој престојувале се најдени кокаин и марихуана.

Според информацијата од МВР, утрово (18.05.2021) околу 02.00 часот од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – недозволена трговија со дрога и оружје во соработка со Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Г.Д.(27), С.С.(27), И.С.(39), Ф.И.(27) и А.Б.(32), сите од Гостивар.

– При претрес извршен во деловен објект и подрумска просторија во Гостивар, кој го користи И.С., извршен со судска наредба, биле затекнати приведените лица. Биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и предмети со остатоци од наркотична дрога.

Петмината гостиварци се задржани во полициска станица, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање по промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Scroll to Top