Во пет скопски општини по над илјада заразени, за првпат преку 8.000 активни случаи во главниот град

пред 3 години

Бројот на лица активно заразени со коронавирусот во Скопје денеска се искачи до нов рекорд од 8.137, откако во изминатите 24 часа, според здравствените власти, во главниот град е забележан 541 нов случај.

Во истиот период, починале тројца пациенти од Скопје, на возраст од 62, 75 и 82 години, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 163 оздравени пациенти од главниот град.

За првпат од почетокот на пандемијата, пет скопски општини се над бројката од 1.000 активни случаи, а најмногу активно заразени и натаму има во Аеродром (1.270).

Еве како се распределени активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 485
• Гази Баба – 1124
• Аеродром -1270
• Карпош – 1055
• Центар – 1026
• Кисела Вода – 1008
• Ѓорче Петров – 670
• Бутел – 420
• Шуто Оризари – 138
• Студеничани – 40
• Сарај – 100
• Арачиново -21
• Илинден – 197
• Сопиште – 64
• Чучер Сандево – 77
• Петровец –81
• Зелениково -52
• Странец – 140
• Нераспределен- 169

Scroll to Top