Во Скопје 230 нови случаи и шестмина починати, за првпат над 5.000 активно заразени

пред 4 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани нови 230 заразени со коронавирус, наспроти 58 оздравени пациенти, со што за првпат бројката на активни случаи во главниот град се искачи на над 5.000 (5.042), информира Министерството за здравство.

Починати се шестмина пациенти од Скопје, на возраст од 45, 52, 63, 67, 68 и 84 години, покажуваат последните податоци на Центарот за јавно здравје.

Аеродром и натаму е општината во главниот град со најмногу активни случаи на болеста – 869, а во Центар, Гази Баба и Карпош има по над 600 активно заразени лица.

Еве како се распределени активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 275
• Гази Баба – 650
• Аеродром -869
• Карпош – 741
• Центар – 668
• Кисела Вода – 649
• Ѓорче Петров – 402
• Бутел – 266
• Шуто Оризари – 53
• Студеничани – 21
• Сарај – 38
• Арачиново -10
• Илинден – 121
• Сопиште – 43
• Чучер Сандево – 28
• Петровец –38
• Зелениково -16
• Странец – 45
• Нераспределен- 109

Scroll to Top