Во скопските болници хоспитализирани нови 54 пациенти поради компликации од Ковид-19

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 54 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во болниците низ главниот град се сместени вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19.

Во последното деноноќие дома биле пуштени 31 оздравен пациент.

Од вкупниот број од 549 ковид-пациенти во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

Од ресорното министерство посочуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места. Сепак, се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.

Scroll to Top