Во Скопје казнети вкупно 197 возачи за сообраќајни прекршоци

пред 3 години

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 197 казни за возачи кои направиле сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

Притоа казнети биле 30 возачи за возење без возачка дозвола, 13 возачи биле санкционирани за непочитување на брзина на движење, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за управување под дејство на алкохол, девет за минување на црвено светло, пет за недавање првенство на минување на пешаци и 38 за непрописно паркирани возила, велат од МВР.

Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top