Во Скопје 170 сообраќајни прекршоци, 84 за брзо возење, казни и за 45 мотоциклисти

пред 3 години

Во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот спроведени вчера на територијата на Скопје се изречени 170 мерки, од кои 84 за возење повеќе од дозволената брзина, а 45 за прекршоци на возачи на мотоцикли.

Единаесет санкции се за возење без возачка дозвола, пет за нерегистрирани возила, три за користење мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас и три санкции за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува Министерството за внатрешни работи во соопштение.

Scroll to Top