Во Скопје повторно црн Ковид-рекорд: 390 нови случаи и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

пред 4 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се забележани 390 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот, што е нов црн рекорд во главниот град.

Петмина пациенти починале, на возраст од 35, 82, 62, 90 и 77 години.

Во изминатото деноноќие, од Ковид-19 оздравеле 75 скопјани, а бројот на активни случаи во градот за првпат ја надмина бројката од 4.000 и сега изнесува 4.138.

Најмногу активно заразени лица има во општината Аеродром (760), во Карпош (610, за првпат повеќе од 600) и во Центар (573). Над 500 активни случаи има уште во општините Гази Баба (543) и Кисела Вода (510).

Еве ја распределбата на активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 198
• Гази Баба – 543
• Аеродром – 760
• Карпош – 610
• Центар – 573
• Кисела Вода – 510
• Ѓорче Петров – 351
• Бутел – 201
• Шуто Оризари – 37
• Студеничани – 16
• Сарај – 32
• Арачиново – 8
• Илинден – 72
• Сопиште – 36
• Чучер Сандево – 22
• Петровец –23
• Зелениково -13
• Странец – 27
• Нераспределен- 106

Scroll to Top