Во Скопје 12 починати лица и 95 нови случаи, оздравеле 235 пациенти

пред 3 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 95 лица заразени со коронавирусот, соопшти Министерството за здравство, а во главниот град од последиците на инфекција со коронавирусот починале уште 12 лица, на возраст од 59 до 85 години.

Во тој период, забележани се 235 пациенти кои оздравеле, а бројот на активни случаи во главниот град со тоа падна под 10.000 и изнесува 9.996, соопштија здравствените власти.

Гази Баба и натаму е скопската општина со најголем број активно заразени лица, а следат Аеродром и Кисела Вода.

Еве ја дистрибуцијата на активни случаи по општините во главниот град и околината:

• Чаир – 625
• Гази Баба – 1502
• Аеродром -1436
• Карпош – 1169
• Центар – 1089
• Кисела Вода – 1237
• Ѓорче Петров – 867
• Бутел – 585
• Шуто Оризари – 195
• Студеничани – 53
• Сарај – 169
• Арачиново -31
• Илинден – 265
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 100
• Петровец –138
• Зелениково -84
• Странец – 219
• Нераспределен- 175

Scroll to Top