Во следните два дена затоврена за сообраќај ќе биде улицата „Лазар Личеноски“

пред 4 години

Градот Скопје известува дека улицата „Лазар Личеноски“ ќе биде целосно затворена за сообраќај на потегот од СРЦ „Кале“ до пред Амбасадата на САД во периодот од 5 часот на 14. октомври до 19 часот на 15. октомври, поради асфалтирање. Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на воведениот привремен сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

Scroll to Top