Во Чаир за еден ден казнети 17 лица кои возеле без возачка

пред 3 години

Полицијата во текот на вчерашниот ден (16 декември) спорведе засилени сообраќајни контроли на територијата на Општина Чаир.

Како што информираат од МВР, изречени се вкупно 160 мерки, од кои 17 за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани возила, 8 санкции за поминување на црвено и 7 за мотоцикли.

Од ресорното министерство посочуваат дека зaсилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Scroll to Top