Вработен во Пошта во Гостивар отворил туѓа пратка и ги трошел парите

пред 3 години

Против 54-годишник од селото Долна Бањица, Гостиварско, поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка.

„Во декември 2019 пријавениот, како службено лице во Пошта на Република Северна Македонија – Подружница Гостивар, при растурање на пристигната пошта забележал затворен плик во кој имало картичка од српска банка со залепено ливче со пин код, го отворил и од банкомат во Гостивар во неколку наврати подигнал вкупно 15.000 денари, на штета на Р.С.(70) од с.Добридол, Гостиварско“, информираат од МВР.

Scroll to Top