Скопјанка нападната од вработен на пулмологија

пред 3 години

Во попладневните часови на 6 ноември во скопската полиција било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на Клиника за пулмологија бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).

Покрај тоа, речиси во истото време, 46-годишната скопјанка А.Р. пријавила дека околу 12.45 часот на Клиниката за пулмологија, по вербална расправија со вработен во клиниката, била физички нападната од негова страна.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, сочинети се записници и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Scroll to Top