Времен режим на сообрќај поради асфалтирање на регионалниот патен правец М.Каменица – Саса

пред 4 години

Во Македонска Каменица во тек е асфалтирањето на првата делница од 12 километарскиот регионален пат кој ги поврзува Македонска Каменица и двете најголеми рурални средини, село Саса, како и економскиот оператор Рудник Саса. Од таа причина, изведувачот на градежните работи во координација со рудник Саса и според потребите за непречено работење, во наредниот период ќе воведе времен сообраќаен режим на овој патен правец.

– Поради изведување на градежни работи на регионалниот пат Македонска Каменица – село Саса, во текот на денешниот ден сообраќајот е во прекин од 11 часот. За нови измени во режимот на сообраќај, жителите на општина Македонска Каменица и локалното население од селата Саса и Моштица во текот на наредните денови ќе бидат навремено информирани, информира изведувачот на градежните работи.

Со реализацијата на оваа активност, како што информираат од кабинетот на градоначалничката Соња Стаменкова се обезбедува подобрена мобилност на населението од двете најголеми рерални средини, селата Моштица и Саса како и Рудник Саса.

Денешниот времен режим на сообраќај на регионалниот патен правец Македонска Каменица – Саса, како што додадоа од фирмата изведувач е ограничен до 14 часот.

Scroll to Top