Вучиќ: Македонија го смени името, им ветуваа кули и градови, а на крајот не ги отворија преговорите

пред 3 години

Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш со таа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ објаснувајќи во телевизиско интервју зошто Србија нема отоврено ниту едно прегпварачко поглавје со ЕУ.

– Навистина има многу работи што треба да ги направиме подобро и поинаку, ги започнавме и ќе продолжиме. Но, да ги поставиме работите сосема отворено. ЕУ не отвори преговори со Македонија која дури и го смени името на државата, а тие им ветуваа кули и градови, и нема со што се не ги измамуваа, а на крајот не ги отворија преговорите, рече Вучиќ.

Тој изјави и дека Србија забрзано се приближува кон ЕУ кога станува збор за европскиот стандард, но дека не може да го достигне тоа одеднаш, бидејќи заостанувала повеќе од 100 години.

– Ако продолжиме вака, и ако сме број еден во следните три години во однос на економскиот раст во Европа, таа разлика драстично ќе се намали, посочи претседателот на Србија.

Scroll to Top