В недела посебен сообраќаен режим на ул.„Македонија“ во Скопје

пред 4 години

Во периодот од 20.00 часот на 04.10.2020 (недела) до 06.00 часот на 05.10.2020 (понеделник), на ул.„Македонија“, пред хотел „Бристол“ во Скопје, поради снимање на филм, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на споменатата сообраќајница, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот.

Scroll to Top