Посебен сообраќаен режим од 13 часот поради најавен протест

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради протест најавен да почне во 13.30 часот од парк Чаир до Oсновното јавно обвинителство, во траење од три часа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

– Затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат: бул.Христијан Тодоровски Карпош“, ул.„.Џон Кенеди“, ул.„Цветан Димов“, бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, соопшти СВР Скопје и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Scroll to Top