Глас за Македонија: Имаме одличен кандидат, но нема да учествуваме на изборите во Штип

пред 3 години

Како општествено одговорна партија, иако сме јавно предизвикувани да учествуваме на изборите, нашиот единствен одговор е „не“, велат од партијата Глас за Македонија на Солза Грчева.

„Сметаме дека на уште едни корона-избори не треба да се настапува, иако имаме одличен кандидат. Тие нема да бидат ниту фер, ниту демократски, а најмалку безбедни избори. И еден изгубен човечки живот поради оваа сложена операција, ќе биде доволна причина да не влегуваме во опасна авантура“, објаснуваат од партијата.

Од таму додаваат и дека Македонија многу лошо се справува со епидемијата.

„Бројките на заразени, а посебно смртноста се меѓу највисоките во Европа. Болничките капацитети се полни, здравствените работници се на работ на издржливост. Влегуваме во нова, можеби најопасна фаза на пандемијата кога во целиот свет се воведува целосно или делумно затворање на цели региони, кога секој доктор и медицинска сестра се ставаат во функција на здравството. А кај нас се најавени избори, кои не мораа и не смеат да се случат“, се наведува во партиското соопштение.
Од партијата на Грчева ги повикуваат министерот Филипче и Комисијата за заразни болести да не потклекнуваат по вторпат пред политиката и да не дадат, како што велат, виза за оваа масовна операција.

Scroll to Top