Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

пред 3 години

Голем пожар избувна попладнево над Галичник.

Според информациите зафатена е борова шума, а куќите не се загрозени.

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

„Засега гори само шума, нема опасност за куќите“, велат од селото.

Во координација со Армијата и Центарот за управување со кризи, на пат е хеликоптер за гаснење пожар.
На пат се и екипи од противпожарната служба, а на терен е екипа на Национален парк.

(Фото: илустрација)

Scroll to Top