Голем пожар избувна над хотел „Неда“ во Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење

пред 3 години

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите зафатена е борова шума, а куќите не се загрозени.

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

„Засега гори само шума, нема опасност за куќите“, велат од селото.

Во координација со Армијата и Центарот за управување со кризи, на пат е хеликоптер за гаснење пожар. На пат се и екипи од противпожарната служба, а на терен е екипа на Национален парк.

Scroll to Top