Гостиварецот кој со секира ја уби сопругата, ќе одговара за свирепо убиство

пред 3 години

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против гостиварецот кој со секира ја уби својата сопруга. Тој ќе одговара за свирепо убиство со умирла.

„ На 09.09.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото“ се наведува во соопштението на обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.​​

Scroll to Top