Обвинение за свирепо убиство за гостиварецот кој со секира си ја усмрти сопругата

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 67-годишникот кој во семејно насилство во својот дом, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга.

Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.​​

Scroll to Top