Гостин нападнал сопственик на кафуле оти немало место поради ковид-мерките

пред 3 години

Дваесет и двегодишен тетовец доби кривична пријава бидејќи истепла сопственик на угостителски објект во градот.

Како што информираат од полицијата, настанот се случил пред да стапи на сила забраната за гости во локалите.

„Пријавениот дошол во објектот и побарал да биде послужен со пијалак, но откако бил одбиен со образложение дека сите маси се зафатени поради почитување на протоколите за работа и спроведување на мерките за заштита од ширењето на Ковид-19, тој го нападнал сопственикот“, соопшти полицијата.

Scroll to Top