Градоначалникот на Центар позитивен на Ковид-19

пред 3 години

Градоначалникот на скопски Центар, Саша Богдановиќ е позитивен на Ковид-19, а веста ја соопшти на социјалните мрежи.

Почитувани сограѓани,

И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го…

Posted by Саша Богдановиќ on Среда, 24 февруари 2021

„И покрај заштита за целото време на пандемијата, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.

Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата“, напиша Богдановиќ на „Фејсбук“.

Scroll to Top