Груби – Станила: Романија ќе и помага на С. Македонија во преговорите со ЕУ

пред 4 години

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Романија во Република Северна Македонија, Виорел Станила.

Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот, Груби и амбасадорот Станила разговараа за важноста на одржувањето на добрососедските односи, кои се вредност за Република Северна Македонија, но и за регионот, и во овој поглед беше потврдено дека постои добра атмосфера во земјата за уште поголема посветеност во оваа насока и непопречување на нашиот пак кон Европската Унија.

-Груби и Станила за време на состанокот се согласија дека Северна Македонија ја очекуваат уште поголеми реформи и преговорите со Европската Унија, каде Романија, како и секогаш, е подготвена да помогне во сите фази, се наведува во соопштението.

Груби му го потврди својот став на амбасадорот Станила дека патот на неселективна правда и владеењето на правото ќе се постигнат само преку целосна транспарентност и ветинг на носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

На состанокот, првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Станила разменија мислења и за најефикасните и неопходни начини за справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, и за актуелните политички настани во земјата и регионот, се наведува во соопштението.

Scroll to Top