Кумановка преку брза пошта ѝ праќала златен накит на Фејсбук-измамничка „што помага на луѓе“

пред 3 години

Вчера во 18.00 часот во СВР Куманово, 24-годишна жена од градот пријавила дека била измамена од С.Н. од Штип за сума од околу 30.000 денари, соопшти МВР.

„Според пријавеното, таа во октомври на социјалната мрежа „Фејсбук“ прочитала објава „жена што помага на луѓе“ и стапила во контакт со неа. Исто така, според пријавеното, 24-годишната жена во повеќе наврати по брза пошта ѝ праќала пари и златен накит на штипјанката, но по некое време С.Н. не била достапна, по што пријавителката заклучила дека била измамена,“ се вели во полициското соопштение.

Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Scroll to Top