Групата на социјалисти и демократи во ЕП бара Борисов да ја повлече блокадата

пред 3 години

Групата на Социјалисти и демократи во Европскиот парламент го повикаа премиерот на Бугарија да го повлече ветото за усвојување на преговарачката рамка на ЕУ со С.Македонија.

-Бугарскиот премиер Бојко Борисов мора да ја прекине неговата срамна блокада на евроинтегративниот процес, само за да ја сочува неговата коалиција со тврдокорните националисти. Пристапните преговори со Северна Македонија треба да започнат до крајот на годинава, наведува на Твитер групата на Социјалистите и демократите во Европскиот парламент.

Scroll to Top