Двајца возачи повредени во сообраќајка во Штип

пред 3 години

Синоќа во 21,40 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Вељко Влаховиќ“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ управувано од Д.Ѓ.(22) од Штип и „фолксваген пасат“ управуван од Р.З.(34) од Штип. Во незгодата двајцата возачи се здобиле со повреди и се пренесени во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Scroll to Top