Две лица повредени во пожар во куќа во Скопје, пожарот е изгаснат а причините ќе се утврдуваат

пред 3 години

Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ настанал пожар во куќа сопственост на Н.В.(36), при што била опожарена една соба и влезот од куќата.

Во пожарот со повреди се здобиле Н.В. и К.Џ.(40) и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Scroll to Top