Две лица завршија во болница по пожар во склад во Скопје

пред 3 години

Во утринските часови на 23 февруари, припадници на Противпожарната единица од Скопје во полиција пријавиле пожар во јавен царински склад на улицата „Јадранска магистрала“, во сопственост на скопјанецот А.М. (41).

Според пријавата, од огнот била опожарена една комора.

Пожарот бил изгаснат од страна на пожарникарите, а вработените Р.М. (47) и Џ.М. (27), двајцата од Скопје, поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од скопската полиција.

Scroll to Top