Две скопјанки нападнати и ограбени во Центар

пред 4 години

Две скопјанки во полицијата пријавиле дека вчера во одделни случаи биле нападнати и ограбени во центарот на градот.

Првиот случај бил пријавен во 17.30 часот. Имено, како што информираат од полицијата, В.Л.(63) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар две лица физички ја нападнале и и’ одзеле чанта и торба.

Вториот случај, бил пријавен од страна на О.Ѓ. во 20.34 часот која кажала дека во ценатрот на Скопје три лица физички ја нападнале и и’ одзеле чанта.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

Scroll to Top