Дебранец измамен за 1.000 долари мислејќи дека помага за медицинска интервенција

пред 4 години

Против 30-годишен скопјанец поднесена е кривична пријава поради измама.

Од полицијата информираат дека на 29 јуни, измамникот на жител од Дебар му се претставил како странски државјанин и му побарал пари со цел да плати медицинска интервенција за член на семејството на неговиот пријател.

Ставајќи го во заблуда, оштетениот му дал 1000 американски долари и 100 евра, додаваат од полицијата.

Scroll to Top