Деветмина полицајци повредени во сообраќајна несреќа

пред 3 години

Деветмина полициски службенивци се повредени во сообраќајна несреќа, што се случила вчера утрото во близина на с.Белановце, кумановско, кога, полициското комбе, во кое се превезувале полицајците, се судрило со автомобил „фолксваген пасат“.

По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, Јавен обвинител и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Scroll to Top