Делови од Скопје утре без струја

пред 4 години

Без електрична енергија утре од 9 до 10 часот ќе останат корисниците од броевите 1, 3, 7, 9, 13 и 16 на улицата „Михаил Чаков“, броевите 2, 7 и 11 на улицата „Петар Дељан“ и Основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода. Скопје, 21 септември 2020 (МИА) – Без електрична енергија утре од 9 до 10 часот ќе останат корисниците од броевите 1, 3, 7, 9, 13 и 16 на улицата „Михаил Чаков“, броевите 2, 7 и 11 на улицата „Петар Дељан“ и Основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода. Во периодот од 8:30 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од село Глумово, кај џамијата, Општина Сарај. Без струја утре од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Анастас Митрев“ и дел од корисниците од улицата „Венијамин Мачуковски“ од бр. 1 до бр. 10 во Општина Аеродром. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од подулиците 1, 9 и 17 од улицата „Козле“, црквата „Св. Пантелејмон“ и патот за село Крушопек, во Општините Карпош и Ѓорче Петров. Без струја утре од 10:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од Станицата за технички преглед на возила на улицата „Лепенец“ бр. 10 во Општина Карпош. Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот на Град Скопје. мд/сп/

Извор: mia.mk

Scroll to Top