Утре без струја делови од шест скопски општини

пред 3 години

Без електрична енергија утре ќе останат повеќе улици од општини низ градот Скопје, помеѓу кои: Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Центар, Сарај и Студеничани, информираат од Центарот за управување со кризи – Скопје.

Како што прецизираат од ЦУК Скопје, во Општина Карпош, од 8 до 9 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. „Архиепископ Ангелариј“ броевите:36, 38, 40, 42, 44 и 46, во Општина Кисела Вода, од 9 до 10 часот, корисниците од бул.„Партизански одреди“ зг.бр. 48а, кај старо Симпо.

Во општина Гази Баба, утре без струја ќе бидат повеќе улици, помеѓу кои: ул.„Лазар Поп Трајков“, зградите со бр.20, 22 и бр.18 од 8 до 12 часот, и корисниците од ул. „Финска 2“ б.б. од 9 до 12 часот, а во Општина Центар корисниците од ул.„Мајка Тереза“ од 10 до 11.30 часот, а тие од ул.„Шарски Одреди“ од бр.1 до бр.5 и ул.„Мајка Тереза“ бр.14. ќе немаат струја од 11 до 13.30 часот.

Струја, исто така, утре од 9 до 15 часот, ќе нема и во село Моране, ул.536 во Општина Студеничани и во селото Буковиќ, Општина Сарај, од 10.30 до 14.30 часот.

Scroll to Top