Дел од ограда падна врз жена во Стајковци, со тешки повреди е пренесена во болница

пред 3 години

Дел од ограда на куќа во изградба падна врз шеесет и четиригодишна жена од скопското село Стајковци.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера напладне, додека жената се движела по улица.

Таа е префрлена во Градската општа болница„Св.Наум Охридски“, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.

Scroll to Top