Скопјанец со мотор удрил во две паркирани возила, со тешки повреди е пренесен во болница

пред 3 години

Четириесетгодишен мотоциклист од Скопје синоќа на улицата Никола Киров Мајски, со моторот удрил во две паркирани патнички возила.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Scroll to Top