Дел од центарот на Скопје утре ќе биде без вода

пред 4 години

Корисниците на потегот од булевар „Св. Климент Охридски“ до улица „Аминта Трети“ утре од 8:30 часот ќе останат без вода.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинатото водоснабдување е поради уличен дефект од Ф-150 на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 30 во населба Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до санирање на дефектот.

Scroll to Top