Приведен крадец од Скопје

пред 4 години

Полициски службеници од OВР Кисела Вода вчера го лишиле од слобода Ф.П. (27) од Скопје поради сомнение дека на подрачје на Кисела Вода извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин на 6 октомври 2020 и обид за „тешка кражба“ на дрзок начин на 4 декември 2019 година.

МВР денеска соопшти дека на 06.10.2020 на ул.„Михаил и Евтихиј“ од И.Т.(86) од Скопје одзел паричник, а на 04.12.2019 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје на А.К.(19) се обидел да и одземе чанта.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица, каде што бил препознаен од оштетените.

По целосно документирање на случајот, стои во соопштението, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top