Десет граѓани примени на Клиниката за токсикологија за новогодишната ноќ, шест малолетни

пред 3 години

Пет мажи и пет жени биле третирани на Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ. Главно биле на возраст до 22 години, а најмладиот имал само 16-години.

Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија Ридван Бајрами денеска изјави дека од вкупно 10-те пациенти третирани на Клиниката, шест биле малолетни. Имало и една девојка од друг град која била предозирана со наркотици.

– Граѓаните се придржуваа до препораките од Министерството за здравство. Пациентите беа згрижени и пуштени дома. Главно биле дома. Најмладиот малолетник има само 16 години. Главно беа до 22 години, освен еден пациент на 67 години кој бил хроничен алкохоличар, изјави Бајрами.

Scroll to Top