Спасовски: Имаме посебен оперативен план за новогодишната ноќ

пред 3 години

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти дека МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари.

Министерот апелира  на совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Вели дека ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност.

„Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова Година откако започнавме со апели и проверки преку Секторот за превенција при МВР. Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти. Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје, ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност.“, наведе Спасовски на социјалните мрежи.

Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова Година откако започнавме со апели и проверки преку Секторот за…

Posted by Oliver Spasovski on Saturday, December 26, 2020

Претходно, овој месец, Спасовски информираше дека издавањето викендички на луѓе кои не се од исто семејство се смета за кривично дело. Тој најави дека за време на новогодишните празници полицајците ќе прават увид и ќе поднесуваат пријави онаму каде ќе има групирања, што е спротивно на одлуките од Владата.

Scroll to Top