Дете украло пиштол изложен во битолскиот музеј

пред 3 години

Дете од Битола минатата недела украло револвер кој бил изложен во музејот во градот, а по куса потрага, оружјето-антиквитет било пронајдено кај 37-годишен битолчанец, соопшти полицијата.

„На 12.05.2021 во 12.30 часот во СВР Битола, М.С.(49) од Битола пријавила дека на 08.05.2021 во 18.00 часот, малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка“, велат од МВР.

По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот, а по документирање на случајот, ќе следува поднесок, додаваат од полицијата.

Scroll to Top