ДЗС: Не е побарано да се одложи пописот, тој ќе почне на 1 април

пред 3 години

Државниот завод за статистика ги отфрла информациите кои се појавија во јавноста дека се бара одложување на Пописот поради состојбата со коронавирусот.

Од ДЗС денеска информираат дека забрзано се подготвуваат за теренските пописни активности, кои се одвиваат во согласност со планираните рокови.

-Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот. Пописот ќе започне на 1 април 2021 година, се наведува во соопштението на ДЗС.

Scroll to Top