Шефот на Интерпол: Вакцините ќе се чуваат на тајни места

пред 3 години

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, предупреди дека со испораката на вакцини против коронавирус, тој очекува драматично зголемување на криминалот.

„Со испораката на вакцините, криминалот драматично ќе се зголеми“, рече тој во германскиот весник „Виртшафтсвое“.

Тој рече дека ќе бидеме сведоци на кражби, провали во магацини и напади за време на транспортот на вакцините.

Во Германија федералната полиција е одговорна за доставување вакцини што ќе се чуваат на тајни места.

Scroll to Top