Директорот на Охридската болница: Не знам зошто се прави голема работа за само една вакцина

пред 3 години

„Не знам зошто се направи толку голема работа од овој случај, станува збор за само една вакцина, човекот да не си објавел самиот на Фејсбук никој немаше да знае и да прави проблем“, вели директорот на Охридската болница Горан Балески.

Тој тврди дека секретарот Антонио Наумоски, и покрај тоа што не е медицинско лице како што беше наложено од Министерството за здравство, се вакцинирал оправдано бидејќи постојано помагал на пациентите заразени од ковид-19.

„Јас да можам цела болница ќе ја вакцинирам, таа е многу важна за Охрид и охриѓани“, вели Балески.

Тој објаснува дека кога требало сите помагале при разнесувањето на боци со кислород за ковид пациентите.

„Јас минатава година имам направено стотици операции и прегледи на ковид пациенти, но кога треба сум влегувал и во комбето за превоз. Еве некни шоферот не можеше, па јас возев“, вели Балески.

Scroll to Top