Драган Тевдовски иднината не ја гледа тука и ЗАМИНА ОД МАКЕДОНИЈА?!

пред 4 години

Екс министерот за финансии Драган Тевдовски, чии идеи за прогресивен данок не и се допаднаа на бизнис заедницата, си заминал деновиве од Македонија. Тој отпатувал во Вашингтон каде што ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд. Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите годин и, пишува Курир Тевдовски беше претседател на комисијата за економија на СДСМ и креатор на економската политика на партијата. Стана министер во владата на СДСМ во 2017 година, а беше сменет во јуни 2019 година, откако им се разминаа неговите економски политики со тие на премиерот Зоран Заев. Иако Заев тврдеше дека Тевдовски ќе му биде советник, сепак следеше демант од самиот Тевдовски кој напиша дека со крената глава се враќа на економскиот факултет како професор. Него го наследи Нина Ангеловска, која не доби доверба во новата влада после предвремените парламентарни избори.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top