Мицкоски: Од Месечината се гледа Кинескиот ѕид и потребата за предвремени избори во Македонија

пред 3 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со пазарџии од Зелениот пазар во Скопје при што зборуваше за изјавата на Заев во која премиерот вели дека сега не е време за предвремени парламентарни избори.

Според Мицкоски, не може да се верува на изјавите на Заев затоа што, како што кажа, веќе четврта година по ред се слушаат лаги и криминал.

„Единствено што е јасно и, што би рекол еве вака да се изразам помалку шеретски, што се гледа од месечината е кинескиот ѕид и новипредвремени парламентарни избори, нова Влада и одговорност за оваа Влада која што го покраде народот“, рече лидерот на опозициската партија.

Мицкоски пред присутните зборувал и за неговото видување со локалните избори да има и предвремени парламентарни избори.

Scroll to Top