Државјанин на Албанија осуден за употреба на фалсификувана лична карта

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против албански државјанин за кривично дело „фалсификување исправа“ согласно член 378, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 16 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, како што информираа денеска од Службата за односи со јавност на Јавното обвинителство, употребил како вистинска лажна италијанска лична карта.

– Од личната карта била отстранета оригиналната фотографија и на нејзино место била залепена фотографија на обвинетиот. Иако знаел дека јавната исправа е преправена, обвинетиот ја приложил како вистинска на барање на овластено службено лице при редовна контрола, се појаснува во соопштението.

Веднаш по поднесеното обвинение, во Основниот кривичен суд Скопје се одржало рочиште, на кое обвинетиот бил огласен за виновен и му била изречена условна казна затвор од две години која, се наведува во соопштението, нема да се изврши доколку обвинетиот не стори ново кривично дело во следните пет години, како и казна – протерување од земјава во траење од пет години.​

Scroll to Top