Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификувана исправа​

пред 4 години

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа.

Обвинетиот, на 25 август, при поднесување на барањето за продолжување на дозволата за привремен престој во земјава по основ вработување, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена преправка така што биле заменети оригиналните страници со податоци и фотографија на обвинетиот.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top